Search

(Видео) Мицкоски: Власта исплаќа понижувачки обесштетувања за замрзнатите лозови насади

Очигледно е дека во земјоделието лагите, лажните ветувања, нереализираните ветувања и очекувања од страна на СДСМ и Зоран Заев се присутни, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и додаде дека сето она кое штово минатото било ветувано како загарантиран откуп, цена и слично, изгледа биле само шарени лаги и предизборни ветувања.

„Денеска ние имаме реален проблем во Тиквешијата. Имаме од две винарии ненаплатени побарувања од страна на лозарите за продаденото грозје тоа е некаде од висина на милион и двеста во вкупен износ, 600 000 евра од едната винарија, 600 000 евра од другата винарија. Ветувано им е за време на предизборието од тогашниот технички министер, којшто сега е практично министер во ресорот за земјоделие. Но гледаме дека реалноста е сосема поинаква. Воопшто ништо не се случува. Напротив, повторно имаме некои нови ветувања, нови одложувања на решавања на овој проблем“, истакна Мицкоски кој повика веднаж да се исполни предизборното ветување кон лозарите.

Вториот проблем на кој се осврна претседателот на опозициската партија е исплатата на обесштетувањето од замрзнатите лозови насади, односно од студовите коишто се случија пред некоја година.

„Во вредност процентуално од онаа којашто им беше ветено или од 80% до 100%, исплата е сега од вредност од 3% што е навистина понижувачки кон овие луѓе. И навистина е некоректно и нечестито“, посочи Мицкоски.

Тој кажа дека со претставници на лозарите дискутирал и за акцизата со која, како што рече, владата повторно планира нови давачки, односно нови даноци за да врши репресија врз граѓаните во Република Македонија.

„Овој пат тоа ќе го прави врз производителите на ракија во вредност од 30-тина денари по литар произведена ракија, за домашна употреба се разбира. Иако ние на времето исто таква една иницијатива се започна, но се одложи до времето коа Македонија ќе стане полноправна членка на Европската Унија, како што впрочем и треба да биде и како што впрочем тоа го направија и државите кога стануваа земји членки на Европската Унија. Така што веднаш бараме владата да се откаже од оваа намера да дополнително делува репресивно врз лозарите и врз оние луѓе коишто за домашна употреба ќе произведуваат ракија, односно да ја напушти желбата да се воведе оваа дополнителна акциза“, наведе Мицкоски.

На крајот тој уште еднаш ги повика министерот за земјоделство и премиерот Заев да го исполнат предизборните ветувања дадени кон земјоделците и посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи најавениот штрајк на лозарите, но истовремено ќе гарантира и сериозни решенија за ваквите, како што кажа, напластени проблеми.

Треба да знаете
Последни објави