Search

Престрелка во Бастија на островот Корзика

Пет лица се повредени, од кои едно посериозно, за време на престрелка и напад со нож во јужните квартови на градот Бастија на францускиот остров Корзика, јави дописникот на МИА.

Според телевизијата Франс 3 Корзика, напаѓачот се затворил во својот дом, од каде што полицијата се обидува да го извади.

Според првичните информации, станува збор за 70-годишен маж кој отворил оган од засега се уште непознати причини. Не е утврдено дали нападот е поврзан со неговата психолошка состојба.

Пожарникари од Горна Корса веднаш пристигнале на местото на инцидентот.

Треба да знаете
Последни објави