Search

Монструозно: Се породила со близнаци во када, едното бебе го удрила од ѕид, другото мртво го оставила во корпа за алишта

Во судот во Луцерн, Швајцарија почна судењето на 23 годишна Србинка обвинета за убиство на своите штотуку родени близнаци, пишува Блиц. Убиството се случило во декември 2015 година кога девојката Јелица С. (име кое го користи редакцијата на Блиц) , која била во седмиот месец на бременоста ненедејно добила трудови. Легнала во кадата и на 10 декември, без помош од било кого, родила бебе.

-Не знаев како се одвива породувањето, кога почна ја наполнив кадата. Денеска воопшто не ми е јасно како успеав. Легнав во кадата и на интернет гледав како тоа се прави, рекла Јелица.

Таа додала дека неколку месеци претходно нејзиното момче, Србин, татко на близнаците, ја оставил бидејќи бараал да абортира, но таа одбила. Нејзините родители и сестра не знаеле дека таа се породила.

Бебето плачеше, но не звучеше човечки. Се исплашив, рекла Јелица.

Таа откако се породила со првото бебе го однела во подрум. Го скрила под облеката, а потоа со цела сила го удрила од ѕид и го фрлила на патос. Бебето поради преломот на черепот набргу починало. Потоа телото го замотала во маичка и го ставила во големо плишано мече со патент.

-Едноставно го ставив таму, не знам како се чуствував тогаш, рекла Јелена.

Хоророт продолжил 31 час подоцна, кога Јелица пак легнала во кадата и го родила другото дете.

Бебето починало набрзо по породувањето. Јелица мртвото бебе го замотала во фротирска крпа и го ставила во корпа за алишта во кујната, каде подоцна било пронајдено.

Лекарите кои сведочеле пред судот рекле дека друготот бебе имало шанси да преживее ако Јелица по првотот породување заминала во болница. Таа можеби и ќе се извлекла неказнето, ако по второт породување не и се слошило. Почнала обилно да крваври и паднала во несвест, па родителите ја однеле во болница, каде лекарите утврдиле дека се породила.

Од болницата повикале полиција, но таа негирала се. Откако се опоравила Јелица била уапсена и во притвор поминала 63 дена, но за тоа време го признала злосторството. Таа се товари за убиство со предумисла.

Треба да знаете
Последни објави