Search

Мадуро се појави со војска пред антивладините протести

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро денеска се појави на терен со припадници на војската пред најавените антивладини протести.

Во кадрите, кои ги пренесе државната телевизија, се гледа како Мадуро оди околу воената база Форт Тиуна во Каракас, предружуван од команданти и десетици војници.

– Дали ја сакате својата татковина? Дали ќе го браните Уставот? Дали ќе го браните врховниот командант?, ги праша Мадуро војниците, кои гласно одговорија: „Да, врховен команданте”.

Откако спикерот на венецуелското Национално собрание, Хуан Гуаидо минатата недела се прогласи за привремен претседател, за што добо поддршка на САД и неколку други земји, Мадуро речиси секојдневно се појавува на државната телевизија со припадници на војската, претставувајќи слика на непобедливост, дури и во момент кога се засилува меѓународниот притисок врз него.

Приврзаниците на Гуаидо денеска планираат протести ширум земјата со цел да го зголемат притисокот врз Мадуро.

Треба да знаете
Последни објави