Search

Црна Гора во потрага по 57 државјани исчезнати во војните во порашна Југославија

Црна Гора е во потрага по 57 свои државјани исчезнати во војните на подрачјето на поранешна Југославија во 90-те години на минатиот век, соопштија црногорските власти.

– На територијата на Косово се бараат 44 лица, десет во Босна и Херцеговина и три во Хрватска, соопшти Владата.

Претседателот на владината Комисија за исчезнати лица Драган Ѓукановиќ и координаторот на Регионалната канцеларија на УНДП Ивана Јовановиќ договорија идна соработка и размена на информации важни за решавање на судбината на исчезнатите.

Црногорската Влада досега има потпишано протоколи за соработка со слични комисии во Хрватска, во Србија и во Косово, а во тек се преговори и со Советот на министри на БиХ.
Треба да знаете
Последни објави