Search

Собранието расправа по интерпелацијата за Димитров, пријавени уште 10 пратеници

Во Собранието на Република Македонија попладнево продолжи расправата по интерпелацијата за министерот за надворешни работи Никола Димитров поднесена од страна на опозицијата. За расправата се пријавени уште 10-тина пратениците.

Опозицијата поднесе интерпелација за шефот на македонската дипломатија, обвинувајќи го дека ја извршува функцијата несовесно, нестручно и спротивно на македонските интереси. Го обвинуваат за потпишаните договори со Бугарија и Грција со кои,  според нив, се загрозуваат македонските интереси. Во своите говори, пратениците од опозицијата побараа и предвремени парламентарни избори.

Во репликите на опозицијата, Димитров истакна дека секогаш и служел на каузата за Македонија и оти прави се што мисли дека е добро за државата и народот. Им порача на пратенците од опозицијата дека партијата не е народот.

– Вие треба секое утро тоа да го повторувате – државата не е партијата, Македонија не е партијата. Ние ќе Ве чекаме во 21 век, ќе бидеме трпеливи, ќе дадеме се од себе и од Вас да направиме пријатели. А избори, кога сакате, да видиме дали народот сака да живее во 21 век, или во 19 век, истакна Димитров.

Согласно Деловникот за работа, до полноќ треба да заврши расправата и да се гласа по поднесената интерпелација, а пратениците до 20 часот имаат пауза.

Треба да знаете
Последни објави