Search

Има ли на македонскиот пазар јунешко месо од болните крави од Полска?

Минатата година од Полска увезени се 1.607.903 килограми говедско/јунешко/телешко месо од Полска- велат во Агенцијата за храна.Од таму објаснуваат дека нивните инспекциски служби вршат редовни контроли на домашниот пазар со месо, производи и подготовки со месо и на увозот на овој тип производи во земјава. Месото кое се продава на македонскиот пазар, според нив, е безбедно. Увозот се врши  исклучиво од одобрени земји за увоз, од одобрени објекти и задолжително со ветеринарно здравствен сертификат кој ја следи пратката, со кој се гарантира безбедноста.

Смрдливо расипано говедско месо од болни крави, наместо здрво и безбедно за употреба излегува од полските кланици. Афера со небезбедно јунешко месо ја тресе Европа. Скандалот го обелоденија новинари кои се инфилтрирале во една полска кланица.

Во нашата Агенција за храна велат дека увоз има од Полска, но дека месото кое е од таму е безбедно за употреба. Лани количината која влегла во земјава е двојно помала за разлика од 2017 година кога од ова земја увозот изнесувал 3.091.606 килограми. Во 2016 година од Полска  биле увезени  2.291.600 килограми.

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство врши редовни контроли на домашниот пазар со месо, производи и подготовки со месо и на увозот на овој тип производи во земјава. Месото кое се продава на македонскиот пазар е безбедно. Увозот се врши  исклучиво од одобрени земји за увоз, од одобрени објекти и задолжително со ветеринарно здравствен сертификат кој ја следи пратката, со кој се гарантира безбедноста. При увоз се врши задолжителна контрола на секоја пратка. Покрај задолжителниот преглед на документацијата, се врши и физички преглед на пратките. Контроли се вршат и при истовар на увезените пратки– велат во Агенцијата.

Од таму објаснуваат дека во рамки на одредени мониторинг програми и при сомнеж, од пратките кои се увезуваат се земаат и мостри за лабораториска анализа. За истите не се дозволува увоз во земјава, односно пратките се ставаат  под надзор, се додека не се добијат резултатите од направените лабораториски анализи со кои се потврдува дека пратката е безбедна.

Агенцијата за храна и ветеринарство е контакт точка  на Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија, преку кој на дневна основа добива известувања за небезбедни пратки, вклучително и на пратки со месо и производи и преработки од месо– велат во Агенцијата.

Цела работа започна пред два дена откако во јавност излегоа тајните снимки на полските новинари кои покажуваат како во доцните вечерни часови со камиони се истураат едвај живи говеда кои потоа завршуваат на линиите за колење. Нивното месо потоа добива ветеринарен печат како исправно и завршува на пазарот. Европските експерти се во паника. Велат дека  доколку се утврди дека месото излегло од Полска како здраво и исправно за човечка исхрана, треба под итно да се одземе лиценцата за извоз.

Снимките се напаравени во централниот полски регион Мазовија. Колењето се прави во текот на ноќта, а кравите се влечат по патеките бидејќи не можат да одат. На снимките се гледа како вработените под итно ги отстрануваат доказите дека кравите се болни. Веднаш се фрлаат остатоците. Експертите во Полска кои ја видоа снимката велат дека ова месо е многу опасно по здравјето на луѓето и ја повикаа полската Влада веднаш да делува.

Официјалните податоци велат дека 2017 година од Полска извезено е јунешко месо во вредност од една милијарда евра.

Новинарите велат дека само за една ноќ биле заклани 28 крави. Податокот е алармантен ако се знае дека 80 отсто од тоа месо се извезува.Ова не е прва полска кланица фатена како коле болни крави. Во декември лани сопственик на друга кланица осуден е на затворска казна за исто дело.

Валентина Ангеловска

Треба да знаете
Последни објави