Search

Во насилствата во Венецуела убиени 40 луѓе и 23.000 уапсени

Најмалку 40 луѓе се убиени во насилствата во Венецуела, пренесуваат тамошните медиуми. Од нив, 26 луѓе се убиени од провладините сили, петмина загинале во рации на домови, а 11 за време на кражби, изјави портпаролот на ОН за човекови права, Руперт Колвил.

Според него, меѓу 21 и 26 јануари уапсени се повеќе од 850 лица, вклучително и 77 деца, од кои некои имале само 12 години, пренесе „Ројтерс“.

Во јануари во земјата биле уапсени 23.696 луѓе, што е најголем број уапсени во Венецуела во последните 20 години. Колвил рекол дека само во еден ден биле уапсени 696 лица.

Тој нагласил дека се истражуваат пријави за малтретирање на уапсените.

Треба да знаете
Последни објави