Search

Талибаните и САД се договорија на примирје во Авганистан

Американските власти и претставници на авганистанските талибанци се сложиле начелно околу рамковниот договор за мир во таа земја, во која САД со сјузниците војува веќе 17 години, јави „Њујорк тајмс“.

Во рамки на овој договор, овие екстремни исламисти, кои владееа со Авганистан додека не беа урнати со американска инвазија во 2001 година, се согласни дека ќе спречуваат авганистанската територија да ја користат терористи, како што тоа го правеше Ал Каеда, кога организираше напад на САД на 11 септември 2001 година. За возврат, САД ветија дека ќе ги повлечат своите воени сили во замена за трајно примирје и преговори меѓу талибаните и легитимната авганистанска Влада, рекол главниот преговарач на САД.

„Имаме нацрт рамка која мора да биде разработен пред да стане договор“ рекол американскиот амбасадор Залмај Калилзад во интервју за „Њујорк тајмс“ во Кабул.

Треба да знаете
Последни објави