Search

Полска продава месо од крави пред умирање

По скандалот со коњско месо во говедски конзерви и лазањи, Европа ја тресе нов скандал со продажба на труло и расипано месо од болни крави во Полска. Имено полски новинари се инфилтрирале во нивните кланици. Снимките и видеата кои се направени се неверојатни. На истите се гледа како се влечат болни крави кои едвај одат. Наместо на евтаназија истите завршуваат на линииите за колење, а тоа месо се складирало и заминувало по пазарите како безбедно за човечка употреба. Полско месо се увезува и кај нас но засега немаме конкретни податоци во која количина.

Труло смрдливо говедско месо од болни крави, наместо здрво и безбедно за употреба е епилогот на полските новинари кои се инфилтрирале во една полска кланица. Тајните снимки покажуваат како во доцните вечерни часови со камиони се истураат едвај живи говеда кои потоа завршуваат на линиите за колење. Нивното месо потоа добива ветеринарен печат како исправно и завршува на пазарот. Европските експерти се во паника. Велат дека  доколку се утврди дека месото излегло од Полска како здраво и исправно за човечка исхрана, треба под итно да се одземе лиценцата за извоз.

Снимките се напаравени во централниот полски регион Мазовија. Колењето се прави во текот на ноќта, а кравите се влечат по патеките бидејќи не можат да одат. Приказната прв ја објави „Гардијан“, а на снимките се гледа како вработените под итно ги отстрануваат доказите дека кравите се болни. Веднаш се фрлаат остатоците. Експертите во Полска кои ја видоа снимката велат дека ова месо е многу опасно по здравјето на луѓето и ја повикаа полската Влада веднаш да делува.

Официјалните податоци велат дека 2017 година од Полска извезено е јунешко месо во вредност од една милијарда евра.

Новинарот Патрик Шчепаниак работел во кланицата цели три недели. Според него, наместо месото да се даде на ветеринар на проверка, никој не го контролирал и самите касапи ставале ознаки дека е во ред за човечка употреба.

-Надредените ќе ми наредеа да го обележам месото како здраво и да го разубавам. Од смрдеата на месото ми се повраќаше. Беше ужасно. Нема да пробам говедско долго време. Моја задача беше со нож да ги тргнам скапаните делови- вели новинарот.

Харис Елиот, професор по безбедност на храна на Универзитетот во Белфаст кој го предводеше скандалот со коњско месо вели дека ако има докази дека ова месо ја напуштило Полска мора да се уклучат сите аларми за контрола во ЕУ. Новинарите велат дека само за една ноќ биле заклани 28 крави. Податокот е алармантен ако се знае дека 80 отсто од тоа месо се извезува.Ова не е прва полска кланица фатена како коле болни крави. Во декември лани сопственик на друга кланица осуден е на затворска казна за исто дело.

Валентина Ангеловска

Треба да знаете
Последни објави