Search

Црна Гора: Казна до 2 илјади евра за секој што државното знаме ќе го користи како завеса

Во парламентот на Црна Гора стигна владиниот предлог за измени и дополнувања на Законот за државните симболи и Денот на државноста на Црна Гора, со кој, меѓу другото, се предвидува казна и до 2.000 евра за лица кои црногорското знаме би го користеле како прекривка или завеса.

Според предлог-законот, со парична казна од 1.000 до 20.000 евра ќе се казнуваат правни лицa ако грбот и знамето на државата ги користат на начин со кој се нарушува јавниот морал, угледот и достоинството на Црна Гора, како и доколку на грбот и знамето се извршат интервенции со кoи се бришат, додаваат или менуваат мекои детали, информира порталот CdM, а пренесува „Танјуг“.

Исто така, забрането е грбот и знамето да се користaт како трговски или услужен печат, мостра или модел, или како било кој друг знак за обележување на стоки и услуги.

Како што е наведено, знамето не смее да биде поставено така што ќе ја допира земјата, ниту пак некој смее да го користи како подлога или завеса.

Покрај тоа, забрането е да се прават промени во текстот и мелодијата на химната.

Законот воведува обврската за јавните установи пред нивните објекти постојно да се виори државното знаме.

Казната за физички лица кои нема да станат при изведбата на црногорската химна ќе изнесува од 300 до 2.000 евра.

Треба да знаете
Последни објави