Иранската војска ја започна годишната пешадиска вежба која вклучува околу 12.000 војници, објави иранската државна телевизија.
Генералот Нозар Немати рече дека дводневната вежба ќе се одржи во провинцијата Исфахан и дека војниците ќе вежбаат нови офанзивни тактики.
Иран редовно организира воени вежби за да ја покаже својата подготвеност и ветува силен одговор на евентуалниот напад од Израел или на САД.