Search

„Winter football joys”, нов проект на ФФМ и Федерацијата за Училишен спорт

Фудбалската федерација на Македонија во соработка со Федерацијата за Училишен спорт наредниот месец започнува нов проект наречен „Winter football joys”, во кој ќе бидат вклучени 80 основни училишта низ целата држава.

Првите луѓе на федерацијата, в.д. претседателот Муамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски заедно со претседателот на Федерацијата за Училишен спорт, Александар Туфекчиевски на работен состанок во „Куќа на фудбалот” ја истакнаа важноста на проектите од овој вид, нагласувајќи ги позитивните искуства од веќе постоечкиот прокет „Фудбал во училишта”.

Во рамки на новиот проект, кој ќе трае до 20 февруари ќе се организираат 42 грасрут настани во 21 град во нашата држава со учество на 80 основни училишта кои се дел од втората фаза од проектот „Фудбал во Училишта”. Од ФФМ информираат дека на грасрут настаните од „Winter football joys” ќе учествуваат околу 2.800 деца на возраст од седум до десет години. Програмата за целиот проект е изработена и е под покровителство на ФФМ.

-Силата на фудбалот лежи во фудбалот на најширока основа и затоа мораме да ги сочуваме локалниот и регионалниот идентитет од нашата игра. ФФМ ќе продолжи да дава целосна поддршка и ќе ја засилува солидарноста која му е потребна на фудбалското друштво во нашата држава. Грасрут активностите се исклучително важни и на овој начин одново можеме да покажеме дека од базичниот фудбал доаѓаат и големи фудбалери, судии, фудбалски работници, но пред се фудбалски поддржувачи и навивачи. Веруваме дека реализацијата на овој проект ќе биде исто толку успешна како и позитивните искуста од постоечкиот прокт „Фудбал во училишата”, истакна Бојан Марковски, координатор на проектот во рамки на Фудбалската федерација на Македонија.

Треба да знаете
Последни објави