Search

Танкерите во Керчската теснина горат веќе петти ден

Пожарот на танкерите „Маестро“ и „Кенди“ во Црното море сѐ уште не е целосно изгаснат, а положбата на бродовите не е променета, соопшти огранок на Службата за поморско спасување за Азовското и Црното Море.

На прашањето дали бродовите и понатаму горат, од огранокот одговорија потврдно, пренесе „ТАСС“.

Оттаму велат дека спасувачите планираат денеска да влезат на бродот „Кенди“, за да проценат во каква состојба е и да се обидат да го усидрат, но текот на работата ќе зависи од временските услови.

Инцидентот со бродовите се случи на 21 јануари, за време на префрлање на гориво од едниот на другиот брод.

На „Кенди“ се наоѓаа 17 членови на екипажот, меѓу кои девет турски државјани и осум индиски, додека на „Маестро“ беа 15 лица меѓу кои турски и индиски државјани. Спасувачите спасија 12 лица и извлекоа 10 тела, додека операцијата за потрагата по уште 10 морнари продолжува, потсетува руската новинска агенција.

Треба да знаете
Последни објави