Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг преку неговиот профил на „Твитер“ ја поздрави ратификацијата на преспанскиот договор во парламентот во Грција.
Тој оцени дека договорот е важен за стабилноста и просперитетот на целиот регион.
„Си нетрпение очекувам идната Република Северна Македонија да се приклучи кон НАТО“, напиша Столтенберг.