Search

Силни ветрови ја соборија вселенската ракета на Илон Маск

Силни ветрови во средата го кутнаа горниот дел од прототипот на големата вселенска ракета „Старшип“ на компанијата „Спејс екс“, пишува „Бизнис инсајдер“.

„Само што слушнав за овој инцидент“, потврди Илон Маск, основачот на „Спејс екс“, на „Твитер“.

„Ветрови со брзина од 80 километри на час ги оштетија платформите за врзување и го соборија горниот дел од ракетата. Ќе ни требаат неколку недели за поправка“, додаде тој.

 

Треба да знаете
Последни објави