Search

САД почна да ги враќа мигрантите во Мексико

САД денеска во Мексико ќе ја врати првата група на мигранти кои бараат азил во САД, а нелегално ја поминале границата со Мексико.

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп на 20-ти декември соопшти дека ќе ги враќа мигрантите кои не се од Мексико, а кои илегално ќе ја поминат јужната граница. Како што соопштија од администрацијата на Трамп, мигрантите ќе треба во Мексико да чекаат се додека се разгледува нивното барање за азил.

Портпаролот на мексиканскиот претседател не соопшти од каде потекнуваат мигрантите кои треба да бидат испратени во Мексико, но целта на оваа политика е да можат да се справат со зголемениот број на мигранти кои доаѓаат од Централна Америка, и кои бараат азил во САД за да избегаат од сиромаштијата во своите земји.

Двете земји досега имаа два состаноци на кои се разгледуваа планови како да се справат со ситуацијата и враќањето на мигрантите.

Засега се уште не е јасно како Мексико планира да смести илјадници мигранти, кои би можеле да останат во земјата неколку месеци или години се додека нивните барања за азил не бидат разгледани од страна на американските власти. Досега повеќе од 800.000 случаи сè уште го чекаат своето решение

Треба да знаете
Последни објави