Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјавил дека САД не покажуваат желба за конструктивен дијалог, пренесуваат тамошните медиуми.
Руската агенција ТАСС пишува дека Песков по средбата на делегации на Русија и НАТО, која беше наменета за решавање на спорот околу почитувањето на нуклераниот договор, рекол дека дискусијата за проблемот на ИНФ која се одвива во размена на ултиматумот, не ѝ одговара на Русија.
„Нема волја да се зборува за проблемите на ИНФ (на американска страна). Други модалитети како што се размена на ултиматум, неосновани обвинувања и неможност да се слушнат партнери, нам не ни одговараат“ , изјавил Песков.