Општина Аеродром го одбележа Меѓународниот ден на холокаустот

Општина Аеродром се приклучи во одбележувањето на 27 јануари, Меѓународниот ден на холокаустот.
По тој повод денеска во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ се одржа пригоден настан, на кој учествуваа учениците, по што беше отворена и изложба на тема „Изгубениот свет на сефарските Евреи од Западен Балкан“.

Станува збор за поставка од Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Македонија, составена од 11 панели, која во наредните две недели ќе биде изложена во холот на училиштето.
На настанот присуствуваа голем број гости, меѓу кои и претставници од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија.

Треба да знаете
Последни објави