Search

Мицотакис: Денешниот ден е тажен и тежок

Лидерот на грчката опозициска партија Нова Демократија, Киријакос Мицотакис, по ратификувањето на преспанскиот Договор во парламентот во Грција оцени дека денешниот ден е тажен и тежок.

„Денеска е тежок и тажен ден за Грција“, порача Мицоракис.

Според него ратификацијата значи признавање на македонскиот јазик и идентитет од страна на грчата влада.

Преспанскиот договор беше усвоен во грчкиот парламент со 153 гласа „за“, наспроти 146 гласа „против“.

Треба да знаете
Последни објави