Македонец починал откако надрилекар од Србија му го лечел туморот со сокови и тинктури

Македонката Билјана Јовановиќ (32) го обвинува надрилекарот од Србија, Мирољуб Петровиќ дека е виновен за смртта на нејзиниот брат, Славчо Петров (31), кој починал од тумор на мозокот на 7 јануари годинава, пишува blic.rs

Според Билјана, Петровиќ им рекол во никој случај да не одат на лекар и дека само од неговата тинктура ќе му биде подобро.

Кога Славчо починал, целата вина за неговата смрт ја префрлил на семејството. Ова во утринската програма на една српска телевизија го тврди Јовановиќ која се соочи со лажниот лекар.

Јовановиќ пред камерите изјави дека безгранично му верувала на Петровиќ, како и дека веднаш по дијагнозата на нејзиниот брат му пишала мејл. Тој им препорачал 30 дена цедени сокови и неговата тинктура.

Овој самопрогласен доктор, е познат по шарлатанството. Тој убедувал многу луѓе наместо на доктор, да доаѓаат во неговиот центар, каде дебело им ги наплаќал „лекувањата од рак“. Тој ги убедувал родителите да не ги вакцинираат децата.

Блиц денеска објави делови од комуникацијата меѓу надрилекарот и Билјана од која се гледа дека тој го наговарал Славчо да не оди на лекар.

Треба да знаете
Последни објави