Какво враќање на кралицата: “Манијак ми ја исече раката, но јас се враќам уште посилна”

Одлично враќање на тениската сцена, одлична спортска приказна. Иако сметавме дека после 1993 година и манијачкиот поход на фанатикот Штефи Граф врз Моника Селеш во Хамбург такво сценарио повеќе нема да гледаме. Уште една тенисерка се враќа после “забоден нож”.

И повеќе од успешно, на Австралија опен. “Уште не верувам дека повторно играм тенис, дека сум во финалето на еден ваков турнир”, вели Петра Квитова.

Само четири дена во пресрет на Божиќниот тенис, спортскиот свет беше потресен од веста која пристигна од чешкиот Простреж. Уште една ѕвезда на тенискиот Tour настрада од нож.

На прагот на својата куќа, славната Чехинка беше пречекана од манијак кој ѝ ја исече левата рака со која постигнуваше невозможни спинови и со која маестрално освои две Вимблдон титули, а тоа беше вест која се проверуваше неколку пати,

“После тој шок не ми беше лесно да се вратам психички. Многу тешко”, призна таа.

За сето тоа за жал знае Моника Селеш, а која помеѓу првите ѝ пружи поддршка и ја повика на “чај” за време на Вимблдон. И Чехинката се одзва, разговарале за стравовите, за враќањето и воспоставувањето на нормален живот.

“Моника ми помогна многу”, вели таа.

Моника токму на Австралија опен славеше во 1996 година и тоа беше нејзиниот повратен наслов, единствен кој го освои во “вториот дел од кариерата”, но сигурно и најзначаен.

“Најголемата победа во спортската, животна смисла”, повторуваше Селеш тие денови.

Историјата се повторува, но дали со “среќен крај” ќе дознаеме во сабота…

Треба да знаете
Последни објави