Search

Двегодишно девојче е потешко повредено во сообраќајка

Двегодишно девојче од селото Нераште заврши со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа помеѓу три возила, соопшти МВР.

Девојчето кое било сопатник во едниот автомобил со тетовски регистерски ознаки, било пренесено на комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со полесни повреди oд истото возило се здобило уште едно дете на возраст од три години како и возачот, кои по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување.

Во сообраќајката учевствувале патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.С. (38) од село Арнакија, скопско, патничко возило „фолксваген голф“ со тетoвски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(31) од село Нераште, тетовско и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(46) од село Грчец, скопско.

Треба да знаете
Последни објави