Голема полициска акција во Словенија

19 лица досега се испитани од страна на полицијата на Словенија, која на повеќе локации низ земајта спреведува рации против ланецот на проституција, објавија тамошните медиуми.

Националното истражно биро, полицискиот оддел против организиран криминал, во соопштението за печатот наведе дека лица кои биле испитувани се државјани на Словенија и Романија.

Против нив и една регистрирана фирма во која е извршен и претрес, се води кривична постапка за злоупотреба, проституција, експлоатација, производство и продажба на дрога.

Осум осомничени се уапсени, шестмина од нив сé уште се наоѓаат во притвор, објави „Хина“.

Според водечките словенечки медиуми, ова е еден од најголемите случаи на организирана проституција во Словенија досега.

Треба да знаете
Последни објави