Search

Германски град доби тужба за дискриминација поради паркинг-места

Еден 27-годишен Германец го тужи градот Ајхштат за дискриминација поради одлуката на градската администрација неколку паркинг-места да резервира само за женски возачи, којашто беше воведена по случај на силување во тој дел од градот.

Инцидентот се случил во 2016 година, а градските власти одлучиле да наменат неколку добро осветлени и добро лоцирани места за паркирање само за жени, објави агенцијата „Хина“.

Доколку овие места ги користат машки возачи, тие се казнети со парична глоба или тужба од градот.

Треба да знаете
Последни објави