Search

(Видео) Братот на пијанистот од биографскиот филм номиниран за Оскар смета дека филмот е „симфонија на лаги“

Последниот преживеан брат на Доналд Ширли, пијанистот со темна кожа за кој беше снимен филмот „Зелената книга: Водич за живот” (зелено книга), кој беше номиниран за Оскар, филмот го нарече срамна травестија, пренесува „Дејли мејл“.

Филмот се продава како потресна приказна за необичното пријателство помеѓу Ширли и расистичкиот американски Италијанец Тони Лип Валелонг, исфрлувач во клубот кој краток период беше негов возач.

Но братот на Ширли, Морис изјави за „Дејли мејл“ дека филмот е „симфонија на лаги”, со што се намалува големината на неговиот брат, кој почина во 2013 година. Морис вели дека Ширли и Валелонг никогаш не биле пријатели и дека тој, всушност, добил отказ поради своето однесување, кое е прикажана во филмот, како што е одбивањето да го носи неговиот багаж.

82-годишникот вели дека е намалена големината на Ширли со тоа што е спореден актер во филмот за неговиот живот. Морис вели дека од целата продукција само актерот Магершала Али, кој го игра Ширли, му ксе јавил за да научи повеќе за нивниот однос. „Тоа беше телефонски повик, јас го поддржав бидејќи беше чесен, но му реков дека го искористиле”, вели тој.

https://youtu.be/DY69eoacdLg

Треба да знаете
Последни објави