Search

Брзо будење со овој едноставен напиток

Едноставен напиток кој ќе ве разбуди. Кога ќе го направите испијте го веднаш…

Сакате брзо да се пробудите пред напорниот ден на работа. Гласната и омилена музика заедно со кафето не ви помага? Следниов кашест сок сигурно ќе ве разбуди.

Како база користете половина литар сок од јаболки. Додадете две шаки млад спанаќ, измиен и без дршки, две лажици лешници, една банана, една лажица Matcha прав и една мала лажица чиа семки. Можете да додадете и малку стевија за да го засилите вкусот. Испијте го овој напиток како замена за кафето.

Напомена: Ваков вид на напитоци не смеат да стојат долго, затоа не правете залихи, секој ден подгответе нов и свеж напиток.

Треба да знаете
Последни објави