Градските власти на Берлин донесоа одлука Меѓународниот ден на жените – 8 Март оваа година да биде неработен, празничен ден.
Властите на главниот град на Германија го увоија текстот кој го предложија Социјалдемократската партија (СПД), Зелената партија и Левицата. Советниците во Берлин веќе со месеци расправаа за овој предлог.
Градоначалникот, инаку член на СПД, Михаел Милер, предложил за неработен ден и за празник да биде прогласен 18 март, почетокот на Германската револуција во 1848 година. Левицата се залагала, пак, за 8 мај, датум на нацистичката капитулација во 1945 година.
Левичарските партии на крајот се договориле тоа да биде 8 март, датум кој во 1977 година Обединетите нации го избраа да биде Меѓународен ден на жената.
Одлуката веднаш наиде на критика кај индустриската и трговската комора на Берлин кои сметаат дека тој неработен ден градот ќе го чини околу 160 милиони евра.