Search

Најмалку 5 мртви во заложничката криза во банка на Флорида

Вооружен напаѓач упаднал во банка во Флорида и се забарикадирал внатре, а потоа се јавил на бројот за итни случаи 911 за да им каже дека употребил огнено оружје и дека најмалку пет лица се убиени.

Напаѓачот упаднал во банката „Сан траст“ со пукање и предизвикал заложничка криза и напнати преговори со полицијата, објаснува шефот на полицијата во Сибринг, Карл Хоглунд. Во грозоморниот повик на 911, тој ѝ кажал на полицијата дека убил петмина.

Полицијата првично почнала да преговара со напаѓачот преку преговарачкиот кризен тим, но обидот да зе извлече напаѓаот од банката бил неуспешен.  Додека траеле преговорите,  Хоглунд, наредил да се испрати тим за брза интервенција во зградата, кој го утврдил бројот на загинати.

Сите пет жртви биле во банката во време на нападот. Осомничениот подоцна ѝ се предал на полицијата, по што бил уапсен и идентификуван како Жефен Ксавер (21) од Сибринг.

Полицијата сè уште не го утврдила идентитетот на петте жртви и не е потврдено дали се вработени во банката или се клиенти. Шерифот на Хајленд Каунти, Пол Блекмен, изјави дека полицијата сè уште не може да ги извести членовите на семејството на загинатите.

„Ова е страшен ден за Сибринг, Хајлендс Каунти и за државата Флорида”, изјави гувернерот на Флорида, Рон деСантис.

Треба да знаете
Последни објави