Search

Жолтите елеци ќе имаат кандидати на изборите за ЕП

Француското антивладино движење Жолти елеци ќе предложат свои кандидати на претстојните избори за Европскиот парламент, соопшти движењето.

– Граѓанското движење покажа потреба својот гнев да го трансформира во политички проект способен да му даде одговори на францускиот народ кој го поддржа, стои во соопштението.

Движењето, кое до сега немаше раководна структура, би можело да освои 13 отсто од гласовите на изборите за ЕП во мај, покажа анкета што ја спроведе фирмата Елаб за БФМ ТВ и би била на трето место – зад партијата на претседателот Емануел Макрон Република во движење и екстремно десниот Национален собир, некогашен Национален фронт.

Треба да знаете
Последни објави