Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК на партијата Влатко Ѓорчев потврди дека се пријавил на огласот за претседателски кандидат, а деталите ќе ги обелодени на прес конференција.
ВМРО-ДПМНЕ на 4 јануари објави јавен повик за пријавување кандидатури за избор на претседател на државата за претседателските избори напролет, а рокот за пријавување кандидатури за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ истекува на 31 јануари.
Ѓорчев недодамна во интервју за 24 Инфо рече дека е убеден дека партијата ќе го има најдобриот кандидат, како и дека ќе соработуваат со повеќе опозициони партии и на тој начин ќе го максимизираат опозиционото расположение кое провладува кај народот.
Претседателскиот кандидат ќе го бираат 550 делегати на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ со тајно гласање. За избран ќе се смета кандидатот кој добил најмногу гласови од сите кандидати, но не помалку од 1/3 од вкупниот број на делегати.