Search

Чешка воведува даноци за црквата

Долниот дом на чешкиот парламент во средата изгласа мерка за оданочување на исплатата која црквата ја добива како надомест за имотот запленет за време на комунистичкиот режим, што беше клучно барање на актуелната Чешката комунистичка партија (KSČM) за поддршка на малцинската влада од левиот центар.

Претставниците на владејачката партија ANO, премиерот Андреј Бабиш и нивните малцински партнери им се придружија на комунистите, па предлог законот помина со 106 гласови. Долниот дом има вкупни 200 претставници.

Отштетата на црквите, во најголем случај католички, започна да се исплаќа во 2013 година и изнесува две милијарди круни (75 милиони евра) годишно за период од 30 години.

Тие се надомест за црковниот имот кои комунистичките власти го конфискувале по Втората светска војна, а сегашната власт не е во можност да го врати со Законот за денационализација, бидејќи во меѓувреме настанала смена на сопственици.

Законот мора да го потврди и чешкиот Сенат, а некои претставници веќе најавија дека ќе бараат ревизија на уставноста.

Црковните власти, чие влијание во чешкото општеството е сѐ помало, се соочуваат и со постепено намалување на владиниот придонес за платите на свештениците и другите трошоци на црквата.

Треба да знаете
Последни објави