Search

Поплави во Индонезија, најмалку шест луѓе го загубија животот

Најмалку шест лица загинаа, а стотици други се раселени поради поплавите во индонезиската област Гова, кои се предизвикани од поројните дождови, соопшти официјален претставник.

Шефот на областа која се наоѓа во јужниот дел на Суматра изјави дека меѓу жртвите има и две деца кои се удавиле, додека еден маж загинал откако го удрила струја.

Тој наведе дека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата и евакуацијата на луѓето од погодените места. Тој додаде и дека луѓето кои се евакуираат ќе бидат сместени во засолништата во владините згради и џамии. За време на дождовната сезона во Индонезија смртоносните поплави, за жал велат властите се честа појава.

Треба да знаете
Последни објави