Search

Во Конго 14 нови случаи на ебола

Демократска Република Конго денеска потврди 14 нови случаи на ебола во источните погранични области, што е најголем број на регистрирани случаи во еден ден од прогласувањето на епидемија во август минатата година.

Се верува дека досега од ебола во Конго починале 439 лица, пренеусва агенцијата „Ројтерс“.

Истовремено, има информации за уште 274 инфицирани лица во провинциите Северен Киву и Итури, јавува британската агенција.

Треба да знаете
Последни објави