Search

Расправата во грчкиот парламент за договорот од Преспа ќе трае четири дена

Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, одлучи дека дебатата за Преспанскиот договор со кој ќе се стави крај на 27-годишниот спор околу името со Македонија ќе трае четири дена.

Како што објави грчката агенција АНА-МПА, договорот прво два дена ќе биде на парламентарната Комисија за одбрана и надворешни работи, а потоа уште два дена на пленарна седница на парламентот.

Според ова денеска и утре за договорот ќе се расправа на комисиската седница, а веќе в среда во текот на денот се очекува да започне и пленарната седница во парламентот.

Договорот, кој пред неколку дена беше ратификуван во македонското Собрание, предвидува промена на името на Рапублика Македонија во Република Северна Македонија, со што завршува долготрајниот спор помеѓу двете земји

Треба да знаете
Последни објави