Search

Папата во посета на Панама – 144 затвореници го исчекуваат со голема надеж

Папата Франциско неделава оди во посета на Панама, по повод Светскиот ден на младите, каде се очекува да го поздрават повеќе од 100.000 млади луѓе, a нетрпеливо го очекуваат и 144 осуденици од затвор во близина на главниот град.

Агенцијата АП објави дека на околу 40 километри од главниот град на Панама се наоѓа затвор каде со надеж чекаат 144 млади затвореници кои се таму поради тешки кривични дела и се надеваат дека папата ќе го посети затворот.

„Папата ќе ги сослуша, ќе ги охрабри. Се подготвуваа и се полни со надеж да ги примат неговите молитви и зборови“, рече надбискупот од Панама, Хозе Доминго Уло.

За време на посетата на затворот, папата ќе одржи молитва и ќе зборува за мир и помирување меѓу младите затвореници.

Некои од затворениците ќе му се исповедаат, меѓу кои и еден што на 16 години извршил двојно убиство.

Агенцијата АП потсетува дека папата речиси секогаш за време на посетите во странство посетува и затвори, со уверување дека дури и оние кои се на дното на социјалната скала имаат достоинство и им треба свештеник, но се истакнува дека ова ќе биде прв пат затвореници да му се исповедаат во самиот затвор.

Треба да знаете
Последни објави