Search

Законот за јазици испратен во Венецијанската комисија

Законот за јазици е испратен до Венецијанската комисија. Владата бара мислење за двојазичноста, а освен целосниот текст на законот, испратени се и двата спорни члена за двојазични пари и униформи на АРМ. Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека сите забелешки од Венецијанската комисија ќе бидат спроведени.

,,Секое нивно укажување ќе биде вградено и на тој начин ќе ги отстраниме конечните резерви кај било кој граѓанин. Уште еднаш, напоменувам, ова е дадено право, коешто досега беше забрането право. Не се плашиме, заради тоа што се работи за јазици, употребата на јазиците. Полесно ќе се разбереме. Меѓу другото, според мене до сега беше блокиран процесот, за да не дознаат граѓаните дека не е крај на светот. Односно е уставно право, на дел од нашите граѓани, од помалку бројните заедници и со тоа ќе видат дека апсолутно ниту повредува одредено друго право, ниту пак претставува не знам какви проблеми, како што се пишува насекаде низ Македонија, или се коментира. Денеска, го испраќаме и Законот и алтернативните две одредби, кои што уште тогаш го ветивме. Венецијанската комисија, очекувам во регуларниот период, кога носи одлука, да ги даде своите сугестии. Штом ќе ги даде, ние јавно ќе ги објавиме и секако ќе постапиме по самите сугестии”, рече Заев.

Треба да знаете
Последни објави