Search

(Видео) Москва: Патникот кој се обиде да киднапира руски авион сè уште е во авионот

Патникот кој се обиде да влезе во кокпитот на авионот на авионот на „Аерофлота“ на летот од Сургут за Москва и кој тврдеше дека е вооружен сè уште се наоѓа во авионот откако леталото принудно слета во Ханти Мансиск, во централниот дел на Русија. Тој барал летот да се пренасочи кон Авганистан.

Во авионот има 69 патници и седум членови на екипажот. Никој не е повреден.

Патникот не бил вооружен и е идентификуван како 41-годишен руски државјанин. Првичните информации беа дека тој носи носи оружје.

Според сознанијата на РЕН ТВ, тој имал полициско досие за кражби и трговија со дрога.

Треба да знаете
Последни објави