Цените на становите во Словенија поскапи за 14 отсто, во Македонија за 0,1 проценти

Колку е атрактивно и економски оправдано да се живее во една земја меѓу другото показател е и цената на становите за домување. Последната светска анализа покажува дека само во една од балканските држави најмногу поскапеле становите и тоа во Словенија. Цената овде за една година се зголемила за цели 13,4 отсто, а следна е Бугарија со раст од 7,5 отсто. Од светските метрополи најголем раст на цената по квадратен метар има во Хонг Конг со 15,7 проценти, а исто толку се зголемиле и цените на Малта. 

За стан во Словенија треба да платите од 2.500 до 3.500 евра за квадратен метар и тоа во приградска населба. Во Македонија пак за половина сума за квадратен метар ќе добиете стан во центарот на метрополата. Од друга страна пак ако решите да се селите на Малта подготвени бидете да платите и 4.000 евра за квадратен метар. Во одредени делови од светот цените достигнуваат и до 20.000 евра за квадратен метар. Послената светска анализа покажува дека лани најмногу поскапеле становите во Хонг Конг и Малта, а од балканските држави цените најмногу скокнале во Словенија и Бугарија. Македонија е на дното на табелата.

Просечната цена на недвижностите измерена во 57 земји се зголеми за 4,9% годишно. Ниските камати и силниот пораст на населението се главна причина за зголемувањето на цените на недвижностите. Најсилен пораст на цените на куќите е забележан во Централна и Источна Европа (ЦИЕ), кој е претставена од три земји во првите десет во рангирањето. Словенија, Литванија и Унгарија забележаа двоцифрени цени на имотот. Цените во регионот забележаа просечен пораст од 7,6%, додека во Западна Европа стапката на раст изнесуваше 4,3% на годишна основа. Меѓу факторите што стојат зад порастот на цените на становите во регионот на Централна и Источна Европа се зголемување на платите на населението. Исто така и се подобрува и пристапот до хипотекарно кредитирање. Ова се главните фактори за зголемување на цените на имотот во Европа- стои во извештајот.
Хонг Конг е рангирана прва со зголемување на цените по квадрат од 15,7 отсто што е  2,3% повисока од претходниот квартал. Малта пак го отстапи првото место и останува втора по Хонгконг. Словенија го задржа третото место во индексот со раст од 13,4% . Во првите десет се Литванија  Унгарија (+ 10,5%), Турција (+ 10,5%), Мексико (+ 9,9%), Холандија (+ 9,3% ), Кина (+ 8,9%) и Сингапур (+ 8,8%). Пред Бугарија, исто така, се Латвија, Ирска и Колумбија.
Меѓу десетте најслаби пазари за домување во светот се Финска, Шведска, Израел, Украина, Австралија, Бразил, Италија, Мароко и Полска.

Цената на становите пак во Скопје е во постојан раст во текот на сите три досегашни квартали од минатата година, според Народна банка на РМ. Последниот квартал, односно во периодот од почетокот на јуни до крајот на септември, повторно е забележан раст, иако само од 0,1 отсто.

Ова е минимално зголемување во споредба со забележаните 5,3% во вториот квартал, но сосема доволно за да се заклучи дека цената на становите во Скопје расте во текот на целата 2018 година.

Истовремено цената расте и покрај зголемувањето од страната на понудата на нови станови.

Во најновиот Квартален извештај се наведува дека расте и побарувачката за овие недвижности.

Во однос на побарувачката, и во третиот квартал на 2018 година продолжи солидниот раст на станбените кредити“ се наведува во објавениот документ. 

Само осум земји пријавиле годишен пад на цените на становите, а во Италија тие го задржале нивото. Шведска падна во оваа група за прв пат по шест години. Мексико е најсилна во Латинска Америка со годишна стапка на раст од 9%. Нов Зеланд, кој воведе забрана за купување на постоечки домови од страна на странци во јули, забележува забавување на зголемувањето на цените на куќите од 6,6% на 4,9%.

Валентина Ангеловска

Треба да знаете
Последни објави