Учениците од утре повторно на настава

Министерството за образование и наука информира дека второто полугодие од учебната година започнува утре и важи за сите ученици од јавните и приватните основни и средни училишта во сите општини во земјата.

Одлуката, како што информираат од МОН, е донесена во согласност со препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање, а имајќи ги во предвид и препораките на Интерсекторската работна група за следење на состојбата со квалитетот на амбиенталниот воздух.

Второто полугодие на учебната 2018/2019 година требаше да почне вчера, меѓутоа Владата во неделата донесе одлука учениците да останат дома во следните денови поради загадувањето на воздухот.

Треба да знаете
Последни објави