Затвореник се обесил во „Идризово“

Затвореник кој издржувал казна затвор во затворот во Идризово се обесил вчера во затворот.

Според полицијата станува збор за Г.Н.(45) од Кавадарци.

Како што утврдила истрагата, вчера околу 15 часот вработен во затворот пријавил дека затвореникот Г.Н. се обидел да се обеси со ремен. Други затвореници веднаш го забалежале и успеале да му го извадат ременот. Затвореникот починал на пат кон Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

По наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

 

Треба да знаете
Последни објави