Search

Од денеска може да се аплицира за субвенции за набавка на печки на палети

Градот Скопје денеска го објави јавниот повик за надоместување дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на град Скопје за набавка на печки на пелети. Со цел да ги стимулира граѓаните да користат почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови – печки со повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, Градот Скопје на граѓаните што имаат купено печки на пелети од 07.11.2018 година до денот на завршувањето на повикот ќе им надомести дел од трошоците за набавка на печката во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство. Овој повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Јавниот повик ќе трае заклучно со 30 ноември 2019 година, или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена.

Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства, Градот Скопје ќе ја информира јавноста на својата Интернет-страница дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.

Јавниот повик може да го погледнете на следната интернет врска:

http://www.skopje.gov.mk/Uploads/JavenPovik/Javen%20povik%20pecki%20na%20peleti%202019.pdf

Барањето за граѓаните може да се превземе од следната интернет врска:

http://www.skopje.gov.mk/Uploads/JavenPovik/%D0%9E%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B5%D1%86%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%93%D0%B0%D0%BD%D0%B8%20%D0%BF%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%82%D0%B8%202019-Finalen-1.doc

 

Барањето за потврда за подмирени обврски по основ на данок на имот за недвижниот имот може да го превземете од следната интернет врска:

http://www.skopje.gov.mk/Uploads/JavenPovik/%D0%91%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B8%D0%B7%D0%B4%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BF%D0%BE%D1%82%D0%B2%D1%80%D0%B4%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%BC%D0%B8%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B8%20%D0%BE%D0%B1%D0%B2%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8%20%D0%BF%D0%BE%20%D0%BE%D1%81%D0%BD%D0%BE%D0%B2%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%BA%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B8%D0%BC%D0%BE%D1%82.doc

 

Треба да знаете
Последни објави