Search

Изгоре куќа во Скопје, уапсен сопственикот кој пијан им пречел на пожарникарите

Противпожарната единица на Град Скопје ноќесна интервенираше на гаснење на пожар во куќа на булеварот Трета Македонска бригада во Скопје. Пожарот зафатил куќа, при што се опожарени 40 квадратни метри и според првичните проценки предизвика е материјална штета од еден милион денари.

Пожарот бил гаснат од 20,35 до 2,15 часот изутринава. Интервенирано е со 6 возила и 12 пожарникi.

Според полицијата,  околу 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот Трета Македонска Бригада избувнал пожар во куќата сопственост на О.Е.(62) од Скопје.

Бидејќи сопственикот, кој бил под дејство на алкохол и го нарушувал јавниот ред и мир и им ја попречувал работата на припадниците на Бригадата за противпожарна заштита, бил приведен во Полициската станица Аеродром. Увид на местото ќе се врши во текот на денот.

Треба да знаете
Последни објави