Search

СВР Тетово: Зголемен бројот на сообраќајни прекршоци

Вкупно 19.137 сообраќајни прекршоци, или 3.000 повеќе од претходната година, биле откриени од полицијата во текот на 2018 година во тетовскиот регион, информираат од СВР Тетово.

Од сообраќај биле исклучени 1.353 возила и 2.630 возачи. Најголем број од исклучените возила или 968 имале истечена регистрација над 30 дена како и техничка неисправност во 238 наврати. Кај исклучените возачи 1.367  управувале без положен испит и валидна дозвола, а  952 возачи-почетници не се придржувале на законски предвидените ограничувања.

Овие откриени сообраќајни прекршоци лани биле заокружени со скоро 10.000 мандатни и околу 6.000 прекршочни плaтни налози. Покрај тоа времено биле одземени 802 возачки и 566 сообраќајни дозволи како и 84 возила и 170 регистерски таблици.

Истовремено, од страна на стручни екипи на СВР Тетово во текот на минатата година биле спроведени 12 сообраќајни поуки со превентивно-предупредувачки карактер за подигнување на нивото на сообраќајната свест и култура и кај пешаците и кај возачите – прекршители.

Треба да знаете
Последни објави