Search

Подгорица под снег, дел од летовите откажани

Во главниот град на Црна Гора, Подгорица, снег паѓа од синоќа, а до седум часот утрово е создадена седум сантиметри бела покривка.

Снегот предизвика проблеми во авиосообраќајот, пишува РТЦГ. Откажани се неколку летови од подгоричкиот аемродром, а дел од летовите доцнат.

Сообраќајот на улиците се одвива успорено, но без поголеми гужви.

Снег има и во Улцињ.

Треба да знаете
Последни објави