Search

Наместо да го плати долгот, скопјанец пукал во росоманец

Скопјанец пукал со пиштол откако му дал пари на росоманец, кој изел ќотек од пријателите на должникот, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил вчера околу 18 часот во Росоман во викендичката на С.К. од Скопје. Тој го повикал А.В. (38) од селото да дојде во викендичката за да му врати пари што му ги должел. КогаА.В. стигнал таму, заедно со С.К. било уште едно лице од Скопје, негов пријател. Пред да му ги даде парите на росоманецот, С.К. го повикал и Б.П. од Росоман. Тој откако дошол веднаш почнал да се расправа со А.В. и физички го нападнал.

Во моментот кога А.В. излегувал од викендичакта С.К. испукал два пати со пиштол, но никој не бил погоден. На А.В. му е укажана лекарска помош во Општата болница  Кавадарци и е пуштен на домашно лекување. Полицијата го привела С.К. во полициска станица и се работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави