Search

Селата Брест, Малино и Танушевци се блокирани од снежните врнежи

Селата Брест, Малино и Танушевци се блокирани од снежните врнежи

Повеќе од илјада жители на селата Брест, Малино и Танушевци се блокирани од снежните врнежи. За Алсат некои од нив велат дека им снемува храна, а имаат и болни соселани кои не можат да ги однесат во болница.

– „Снег наврна речиси еден метар. И понатаму врне. Патиштата се отсечени, а од општината немаме никаков абер. Никој не нè контактирал и не нè прашал како сме. Имаме деца со температура и болни старци. Со храна стоиме слабо, резервите полека се трошат. Никој не нè контактира и никој не се интересира за ова село. Останавме заглавени во селото“, рече Фами Сулиси, Село Лукаре, општина Липково.

Треба да знаете
Последни објави