Search

Истражување открива зошто жените обожаваат да превртуваат со очите

Превртувањето со очите не е гест со кој се служат исклучиво жените, но науката објаснува зошто дамите почесто го прават тоа.

„Женското превртување со очите е дел од еволуцијата“, објаснува докторката Трејси Виланкорт, која пред неколку години спровела истражување.

Според неа, жените во текот на еволуцијата ја прекривале својата агресија повеќе од мажите, користејќи т.н. индиректна агресија, која вклучува критикување на изгледот на конкуренцијата, ширење на озборувања, исклучувања од друштвото, но и превртување со очите во знак на негодување. Ова конкретно значи дека мажите со непријателите и конкуренцијата најчесто се пресметувале физички, додека жените избирале други вештини.

Психологот Лиса Дамур во статија за „Њујојрк Тајмс“ објаснува дека секоја тинејџерка по неколку пати дневно превртува со очите. Според неа, тоа е единствен начин млада девојка да ја изрази својата желба за самостојност.

Треба да знаете
Последни објави