Search

Таравари им додели признанија на најзаслужните гостиварски субјекти и поединци во 2018 година

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, денеска им додели признанија на субјектите и поединците кои во 2018 година дале посебен придонес за реализација на разни активности и проекти со цел подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните на општина Гостивар.

„Би ги одвоил забележаните резултати на месните заедници на Чајле, Чегране, Форино, Лакавица и Дебреше. Овие месни заедници, иако како последица на минимизирање на нивната улога со Законот за месна самоуправа, речиси целосно се пасивизираа, тие сепак постигнуваат одлични резултати и можат и успеваат да се организираат како вистински институции“, истакна гостиварскиот градоначалник.

Тој подвлече дека со доделување на признанија на месните заедници, всушност ги удостојува сите жители на овие села за нивното залагње, како и иселениците за финансиската поддршка со што се овозможила реализација на активности и проекти, каква, како што рече Таравари, не се памети на овие простори.

Градоначалникот им додели признанија и на четворица поединци за кои оценил дека со нивниот вложен труд оставиле траг во 2018 година.

„Шпенд Сулејмани, како поранешен в.д. директор во Ученичкиот дом, само за неколку месеци заврши работа колку за дава мандата, реновирајќи го објектот и однатре и однадвор, иако знаеше дека не ќе може да биде именуван за директор. Беким Аме, претседател на Здружението на лица со посебни потреби ‘Порака’ од Дебар, многу чини и за децата од Гостивар, особено оние со аутизам. Во текот на 2018 година добивме многу донации од Турција и поставивме нови мостови на соработка. Координатор за соработка со Република Турција е Гџзим Хаџијепу, кому исто така му доделуваме признание со што им правиме чест на сите институции од Турција кои ни помогнаа во различни форми, за што е запознаена јавноста“, подвлече Таравари.

Од службата за информирање на општина Гостивар додаваат дека признание му било доделено и на Хакан Гостивар, кој живее во Турција и е турски државјанин, но постојано се ангажира во хуманитарни акции и доелување на многу вредни донации во Гостивар и гостиварско.

Треба да знаете
Последни објави