Search

СВЕТ(Видео) Најмалку 6 мртви и осум повредени во судир на повеќе возила на Флорида

Најмалку шест лица загинаа, а осум се повредени во судирот на два автомобила со две цистерни за гориво на автопатот И-75 во близина на Гејсвил, во областа Алачуа на Флорида, по што на местото на несреќата се излиле повеќе од 50 галони дизел, пренесува „Гејнсвил сан“.

По судирот, неколку автомобили и најмалку една цистерна се запалиле од запаленото гориво, а сообраќајот бил целосно пренасочен по други сообраќајници. На местото на несреќата веднаш потоа биле распоредени тимови за спасување од опасни материјали.

Голем дел од повредените се во сериозна состојба и се пренесени во локалниот медицински центар.  Причината за несреќата останува непозната, а локалните власти почнаа истрага за смртоносниот судир.

Треба да знаете
Последни објави